| четврток, 6 декември 2018 |

Американски експерт: Излегувањето на Грција од ЕУ е прашање на време – тоа ќе предизвика крах на еврото

ekspert-ot-sasht-gryckoto-izlizane-ot-evrozonata-e-vypros-na-vreme-284622

Грчкото излегување од Еврозоната е прашање на време, изјави поранешниот шеф на Федералните резерви на САД, Алан Гринспен, пишува британскиот весник „Дејли телеграф“. Американскиот економист, кој раководеше со главната финансиска институција на САД од 1987 до 2006 година, направи мрачна прогноза за иднината на европскиот монетарен сојуз.

Според Гринспен, Атина ќе биде принудена да ја напушти еврозоната бидејќи новиот премиер на задолжената земја, Алексис Ципрас, ги објави плановите како да ја задржи Грција на површината. Американецот изјави дека заминувањето на Грција е прашање на време и тоа ќе предизвика крах на еврото. Тој ги предупреди другите држави кои ја користат заедничката валута, да се подготвуваат за најлошото.

– Планот за помош на Грција пропадна, категоричен беше Гринспен. Коментарите на Американецот доаѓаат откако Ципрас изјави пред Парламентот во Атина, дека в среда ќе се обиде да повлече итен краткорочен заем, кој ќе ѝ овозможи на јужноевропската држава да преговара за нов договор за долгот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top