| четврток, 6 декември 2018 |

Аплицирање за бесплатна бања и туристички викенд за пензионери

penzioneri

Министерството за труд и социјална политика на една недела пред истекот на рокот за пријавување потсетува дека повикот за користење на услугата за бањско-климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година, како и за услугата бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година, трае до 16.2.2015 година (понеделник).

Сите заинтересирани пензионери што ги исполнуваат условите може да аплицираат во подрачните филијали на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија низ земјава.

-Да потсетиме, услугите за бањско-климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година и за бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година може да ја користат лица корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување.  Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско-климатската рекреација и бесплатниот туристички викенд. При рангирањето на поднесените барања, приоритет ќе биде даден на пензионерите коишто пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ, и на пензионерите коишто се корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност – стои во соопштението на МТСП.

Министерството за труд и социјална политика уште еднаш ги повикува сите пензионери до 16.2.2015 година (понеделник) да го искористат рокот за пријавување за користење на услугата за бањско-климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година и за бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top