| четврток, 6 декември 2018 |

Сирискиот претседател се крие на брод обезбедуван од руски војници

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство се преселиле на воен брод во близина сириското крајбрежје и го штити руската морнарица, тврди британски Дејли меил.

Одлуката за ваквиот чекор Асад ја донел откако изгубил доверба во личното обезбедување. На состаноците во претседателската палата во Дамаск патувал со хеликоптер. Дека сирискиот претседател е заштитуван од руски војници тврди и саудискиот весник Ал ватан, повикуваќи се на разузнавачки извори. Според весникот една од причините за одлуката на Асад да се пресели на брод е поради тоа што се плашел од напредувањето на бунтовниците кон сириската престолнина. Бродот бил подготвен за итно бегство кон Москва ако било неопходно.

 

Русија е главен сојузник на режимот на Асад од почетокот на судирите во Сирија во кои според претпоставките настрадале околу 60.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top