| четврток, 6 декември 2018 |

Терористи во Киргистан врбуваат цели семејства за учество во сирискиот конфликт

­ Меѓународни терористички групации врбуваат во Киргистан цели семејства за учество во вооружениот конфликт во Сирија, соопшти денеска киргистанското Министерство за внатрешни работи, јави ТАСС.

Министерството утврдило дека во јануари во Сирија заминало цело семејство со две деца и додаде дека тоа не е единствениот таков случај.

Во врска со зачестените слични случаи Министерството испратило стручњаци од специјалните единици во јужните делови на земјата за да им помогнат на локалните власти.

За само два дена тие регистрирале четири случаи на заминување на киргистански граѓани за Сирија. Според официјалните податоци лани околу 200 лица од Киргистан заминале за Сирија со цел да учествуваат во борбените дејствија, а 30 од нив загинале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top