| четврток, 6 декември 2018 |

Дани Алвеш го условува Манчестер Јунајтед?!

Десниот бек на Барселона, Бразилецот Дани Алвеш, на крајот од сезоната ќе се раздели со клубот по седум години минати во каталонскиот гигант.
Најзагреан за услугите на Алвеш е најтрофејниот клуб во Англија, Манчестер јунајтед, кој подолго време го прати овој фудбалер и е цел на менаџерот Луис ван Ган.
Неформалните преговори веќе се почнати, но тука почнуваат проблемите. Јунајтед му нуди максимален договор од две години на Алвеш со оглед на годините што ги има (31) и што е разбирливо, но фудбалерот не прифаќа помалку од три години.
Дополнителен проблем е што Алвеш бара неделна плата од 100 илјади фунти, што исто така е премногу за Англичаните, така што, како што се одвиваат работите, договорот е далеку од реализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top