Триесет дена притвор им е одреден на 52-годишниот скопјанец Ѓ.Л. и на 49-годишниот велешанец З.К. кои беа уапсени во рамки на продолжената истрага за случајот „Пуч“.
Двете лица вчера со кривичната пријава за сторени шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи беа изведени пред судија на претходна постапка.
МВР, пак, вчера информираше дека лицата соработувале со претходно пријавените од случајот „Пуч“, а според документираните сознанија двајцата биле ангажирани и работеле во корист на странска служба. Тие преземале чекори и активности за кои, како што информираше помошник-министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски, биле богато финансиски наградени.
Станува збор лица од Министерството за внатрешни работи кои биле вработени во 90-тите години. Едниот сѐ уште е вработен, додека на вториот во 2013 година му бил раскинат договорот.
По наредба на судија на претходна постапка полицијата извршила претрес на пет локации, во дом и други простории на двете лица. Таму биле пронајдени пет лаптоп- компјутери, 3 куќишта, 18 мобилни телефони од кои 6 со СИМ картички, околу 1.000 цедиња и дивидиња, 110 аудио и видеоленти, 19 УСБ, 17 хард дискови, како и девет штедни книшки од Стопанска и Еуростандард банка на кои имало влогови во девизи и во денари. Пронајдена била и евиденција за околу 600 акции на име на седум правни субјекти сопственост на едно од пријавените лица.
Котевски истакна дела МВР и понатаму продолжува со активности по однос на издадените наредни од надлежниот јавен обвинител со цел анализа на податоците и материјалните докази и прземање на други службени дејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


