На „Евровизија 2013“, Хрватска ќе се претстави со песната „Mižerja“, од авторот Горан Тополовац од Дуге Ресе. Така реши комитетот за „Евровизија“ по преслушувањето на песните што пристигнаа на јавниот повик, а во кои се наоѓаа уредникот на забавната програма на ХРТ, Велимир Ѓуретиќ, музичкиот продуцент и аранжер Никша Братош и музичкиот продуцент и композитор Анте Пецотиќ.
Избрана е и резервна песна, чијшто автор е Мирослав Буљан од Загреб а името на песната е „Cili svit za bili cvit“.
Со ова е завршен изборот за песна и сега следува изборот на изведувач. Во комитетот за избор на изведувачи се именувани Велимир Ѓуретиќ, Никша Братош, и Мојмир Чачија, додека членови во замена се Весна Каруза и Анте Пецотиќ.
Во почетокот на февруари се очекува да биде завршен и финалниот адуио запис на песната со која хрватските претставници ќе настапат на „Евровизија 2013“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.