| четврток, 6 декември 2018 |

Самоубиствен напад во Багдад – најмалку 12 загинати и 25 ранети

Најмалку дванаесет луѓе го загубија животот, а дваесет и пет се ранети во самоубиствен напад, кој се случи денеска во северниот дел од Багдад.

Напаѓачот активирал експлозив, кој го носел на себе на плоштадот Адан во момент кога голем број луѓе оделе на работа.

Засега никој не ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад извршен во реон каде што најбројно население се шиитите.

Екстремистичката група Исламска држава контролира една третина од териториите на Ирак и на Сирија и често го напаѓа шиитите, кои се мнозинство во Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top