| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија утрово под нула, само југот во позитива

 stud 1

Утрово во Македонија најстудено е во Маврово и во Крушево, каде што се измерени минус 10 степени, минус девет се измерени во Лазарополе, минус шест во Крива Паланка и Пожаране, минус пет во Берово, минус четири во Охрид, Претор, Прилеп и Битола, минус три во Дебар и во Куманово, минус два во Виница, минус еден во Скопје, Штип и Тетово, нула во Струмица, Кавадарци, Дојран и Демир Капија и два степена во Гевгелија.

Времето утрово е облачно, снег паѓа на повеќе места во западните делови од земјата и во Пелагонија. Северен ветер дува во Прилеп, Штип и на повисоките места во Скопската Котлина.

Снег од 62 сантиметри има во Маврови Анови, 46 во Лазарополе, 35 во Крушево, 7 во Пожаране, 4 во Тополчани и 2 во Прилеп.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено, со повремен слаб снег, особено во западните делови каде што повремено снегот ќе биде поинтензивен. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.

Променливо облачно со повремен слаб снег и со умерен до повремено засилен северен ветер, поизразен на повискоите места. Дневната температура ќе достигне до 2 степени.

До среда ќе продолжи да дува умерен, во текот на денот повремено до засилен северен ветер. Во текот на утрешниот ден снег ќе провејува во запдните делови од земјата. Потоа следува период на стабилно, студено и суво време. Во текот на неделата утринската температура ќе се задржи ниски и насекаде негативни. Дневната температура од среда благо ќе расте и веќе од четврток ќе имаме насекаде позитивна дневна температура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top