Ирачките безбедносни сили во текот на следните недели ќе почнат копнена офанзива за повторно да ги вратат под контрола деловите на земјата кои сега ги држи Исламската држава, соопшти американскиот координатор на меѓународната коалиција против џихадистите Џон Ален.
– Ќе биде тоа голема копнена контраофанзива во Ирак. Во неделите кои следуваат кога ирачките сили ќе почнат копнена кампања коалицијата ќе обезбеди поддршка во склад со неа, најави Ален за јорданската агенција Петра, додавајќи дека офанзивата ќе ја водат Ирачани.
Ален ги отфрлил обвинувањата дека имало одложувања во американското снабдување со оружје и обуката на ирачката војска на фронтот и рекол дека САД прават се што можат да ја дадат својата помош што е можно побрзо, пренесува агенцијата Франс прес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.