| четврток, 6 декември 2018 |

Вируси нацртани по човековото тело во кампања за важноста на вакцинацијата

150208054.10_mn

Меѓународниот институт за вакцинациија во соработка со уметниците, дизајнерите, моделите и фотографите од Сеул направи серија фотографии со кои планира да ја подигне свеста за заборавените болести од кои патат милиони луѓе во светот, како и за важноста на вакцинацијата.

Кампањата под име „Смртоносна убавина“ содржи серија фотографии на кои телата на моделите се нацртани со вируси на некои од болестите како што се ебола, колера, денга грозница, хепатитис Е, дизентерија и други.

Кампањата настана со цел да се привлече внимание на некои од заборавените болести од кои заболуваат сиромашните, како и децата ширум светот, а е со цел да развива сигурни, ефективни и достапни вакцини за населението ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top