| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА ќе испрати беспилотни летала во Сирија

letalo-300x225

ЦИА забрзано подготвува испраќање беспилотни летала во Сирија со цел “заштита на САД и нејзините сојузници”, пренесува влијателниот американски весник ЛА Тајмс. Поточно, според зборовите на сегашните и поранешните американски официјални лица, ЦИА планира наскоро со директни напади на “исламските екстремисти” во Сирија.

Ова е апсолутен врв на меѓународното лицемерие – се чини дека САД систематски “создава” радикални елементи, за потоа да ги убива со беспилотни летала, од удобните фотелји. За да нема забуна, ова не се никакви нови откритија и процесот што го споменуваме покренат е во повеќе држави, но можеби никогаш досега толку директно и отворено, пред очите и ушите на меѓународната заедница, која – очигледно – се помалку се грижи за ескалацијата на американскиот милитаризам.

ЛА Тајмс истакнува дека напади со беспилотни летала во Сирија, не одобрил Барак Обама, но прашање е дали таква програма воопшто би се истакнувала во јавноста. Поточно, американскиот Противтерористички Центар, кој ги води нападите на ЦИА со беспилотни летала во Пакистан и Јемен, неодамна префрли неколку клучни претставници, во проектот поврзан за собирање на разузнавачки информации за милитантите во Сирија кои би можеле “да претставуваат терористичка закана”.

Специјални претставници на ЦИА имаат задача да собираат информации, како што се извештаи, снимки од телефонски разговори, видео записи, јавни документи и информации обезбедени од страна на странските разузнавачки служби. Сите овие податоци се користат за создавање на т.н. “Целни пакети”. Со други зборови, ЦИА однапред знае кого и каде сака да го елиминира, само треба позив за почеток на операцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top