| четврток, 6 декември 2018 |

Забрането движењето по мостот кај демиркаписко Корешница

poplavi-17

Забрането е движење по мостот кај демиркапиското село Корешница поради тоа што реката Вардар го поплави патот од мостот кон тунелот, информираше попладнево Живко Шипинковски, претседател на месната заедница Бистренци.

До ова село, кое се наоѓа во демиркаписката општина, се стигнува токму по овој пат.

– Поради најавите за излевање на Вардар и натаму кризниот штаб на селото и целокупното население будно ја следи состојбата. Направивме насип со кој спречивме водата од реката да ги поплави пумпите со кои се снабдуваме со вода за пиење, вели Шипинковски.

Реката Вардар поплави земјоделски површини околу Бистренци, а штетите дополнително ќе се утврдуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top