| четврток, 6 декември 2018 |

Туристички разојни зони ќе добијат Дојран и Струга

zona-dojran-480x344

Физибилити студија за Дојран

Туристичките центри Струга и Дојран ќе добијат развојни зони, пишува порталот „Лидер“.

Веќе биче изработени и физибилити студии и се однесуваат за Калишта во близина на Струга и за Дојран со кои се планира да се забрза развојот на туризмот.

Според информациите на „Лидер“, студиите се направени со цел да се привлечат инвеститори кои ќе инвестираа во зоните. Почетната цена за продажба на земјиштето е 61 денар / 1 евро за метар квадартен.

kalista-1-480x376

Физибилити студија за Калишта

Туристичката  развојна зона во Калишта, Струга ќе биде лоцирана во близина на црковниот комплекс и ќе има големина од 14 хектари.

Предвидено е на оваа зона да се изградат хотели, 90 апартмани, 30 вили, (околу 1.000 соби) плажа, спортски терени…

Опциите за инвестирање се различни. Може да инвестира привaтен инвеститор, да се вложува преку приватно јавно партнерство, јавна инвестиција, концесија, модел на менаџирање.

Туристичката зона Дојран ќе биде со големина од 32 хектари, а ќе биде лоцирана на 2 километри од  центарот на Стар Дојран

Предвидено е во оваа зона да има неколку комплекси, хотелски комплекс за околу 1.700 гости, ресторани, спортски терени, бунгалови, можност за изградба на отворен театар.

Опциите за инвестирање се подеднакво исти како кај зоната во Струга.

Според информациите, следен чекор е проектите со Студиите да им се достават на Агенцијата за странски инветсиции, до ДТИРЗ, до неколку министри во Владата на РМ, економските промотори со цел активно да ги промовираат во привлекување на странски инвеститори.

Студиите ќе бидат објаевени на веб страницата на Мнистертвото за транспорт и врски со цел да бидат достапни за анализирање.

Очекувањата се дека воспоставувањето на туристичките развојни зони ќе создаде предуслови за неколку нови регионални и меѓународни хотелски брендови да влезат на македонскиот пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top