| четврток, 6 декември 2018 |

Телохранител на Зиадин Села е киднапиран?

opstinastruga

Припадник на личното обезбедување на градоначалникот на Струга Зиадин Села е исчезнат од 6. февурари, а Села смета дека неговиот вработен е киднапиран, објави „Охрид њуз“.

Уран Купа (27), жител на Велешта, инаку вработен во општина Струга како лично обезбедување на градоначалникот Села, се води за исчезнат од 6. февруари, кога последен пат бил виден во јавност. Тој попладнето излегол од својот дом со автомобил „Ауди А4“ на прошетка, а последен пат бил виден околу 19.00 ч. на ул. „Ристо Крле“, по што му се губи секаква трага. Случајот во полицијата го пријавил неговиот татко во 1.15 ч. на 7. февруари.

Градоначалникот на Струга Зиадин Села смета дека неговиот вработен е киднапиран и упати апел до граѓаните да пријават доколку имаат било каква информација која може да помогне да се пронајде Уран Купа и побара од надлежните институции одговор за случајот.

Од СВР Охрид информираат дека полицијата интензивно работи на решавање на случајот од моментот на пријавување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top