| четврток, 6 декември 2018 |

Инаугурацијата на хрватската претседателска ќе помине без важни претставници од ЕУ?

kolinda

На 15 февруари е закажна инаугурацијата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, но уште нема потврда дека на неа ќе дојдат претставници од врвот на европската политика.

Претседателката на Хрватска многу би сакала да ја види германската канцеларка Ангела Меркел, или пак министерот за финансии Волфганг Шојбле.

Организаторите на инаугурацијата уште чекаат потврди од државниците кои се поканети на свеченоста, но, засега нема потврда дека некој од звучните имиња на европската политика ќе присустува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top