| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Михајловски на фејсбук му порача на Заев: Лутка са насловне стране

Toni-Mihajlovski-740x320-top

Македонскиот актер Тони Михајловски преку социјалните мрежи му одговори на Зоран Заев цитирајќи ги стиховите на еден хит од „Рибља Чорба“ „Лутка са насловне стране“, откако  лидерот на СДСМ, на својот ФБ профил ја постираше песната „Погледни го својот дом ангелу“ од Рибља чорба, што според дел од опозициските медиуми, требало да значи некаква порака.

zoran zaev status

На постот на Заев се надоврзаа многу коментари меѓу кои и на Михајловски кој му одговори на Заев со стиховите на уште еден хит од Рибља Чорба, „Лутка са насловне стране“.

toni mihajlovski status

– Странски служби, странски песни а домашен непријател. Песната е супер, ама таа повеќе се „лепи“ за се она што вие и го направивте на земјава. Требаше време да се тргнат амовите што ни ги наметнавте на сила менувајќи ни го името, да ги залечиме кичмите кои ни ги кршевте крадејќи ги граѓаните со ТАТ, да станеме народ што гледа од слепото стадо кое вие сакавте да го водите до амбисот на исчезнувањето. И рацете се уште ви се со крв на бранителите кои ги убивавте како кучиња, напиша Михајловски.

Актерот напиша дека има и тој песна за Заев, кој е “кукла во рацете на душманите“, притоа потенцирајќи го стихот од рефренот на „Лутка са насловне стране“…И ТРЕБА ТИ ЛОВА…ТРЕБА ТИ ЛОВАААА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top