Граѓаните бараат проекти, програма, вработувања, инвестиции, а не соработка со странски служби за некому да ја дадат довербата. – сметаат политичките аналитичари. Според нив, лидерот на опозицијата, Зоран Заев и СДСМ го одбраа погрешниот пат за да стигнат до власт.
Политичките аналитичари веќе долго нагласуваат дека СДСМ без соодветна програма и политичка конструктивност не може да очекува победа. Професорката Каракамишева Јовановска За Канал 5 вели дека СДСМ наместо да се бори до демократски методи и понуда на компетитивни политики, тие се одлучија на политичка коцка – со страв, уцени и манипулативни информации да убедуваат дека ВМРО ДПМНЕ, кои пред само 10 месеци победи на парламентарни избори со повеќе од 480 илјади гласови и разлика од двесте илјади гласови треба да си заминат.
„На власт не се доаѓа со уцени, со закани од објавување незаконски добиени материјали кои имаат единствена цел, да ја уништат правната сигурност во земјата и наместо владеење на правото да се наметне владеењето на уцената и на бандитството. Во демократскиот свет партиите се натпреваруваат со програми и со стратегии, со развојни политики за да ги убедат граѓаните да гласаат за нив, но и за да им влејат доверба дека нивното владеење ќе донесе прогрес, стабилност на системот во целина, мир и благосостојба. Каква стабилност и каква правна сигурност и заштита на нашите слободи и права, ќе ни гарантира СДСМ, ако воопшто некогаш дојде на власт, после циркузијадава која најавува дека ќе ја направи во РМ?“, вели професорката Каракамишева Јовановска.
Последните одлуки на СДСМ за објавување на материјали против власта добиени од странски служби наидоа на неодобрување. Токму поради тоа се’ поголем број на граѓани од најразлични професии му се приклучуваат на Граѓанското движење за одбрана на Македонија формирано пред неколку дена од група интелектуалци, спортисти, уметници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст