| четврток, 6 декември 2018 |

Иво Јосиповиќ бара решение за банкротираните Хрвати

josipovic

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ ги повикал на состанок претставниците на водечките хрватски банки, економисти, претприемачи и ескперти за социјална политика за да се формулира заедничка стратегија за решавање на должничката криза во која влегоа многу граѓани, која ја доведува во опасност стабилноста на банкарскиот систем во земјата

Состанокот се најавен за следната недела, но подготовките за него траат подолго време. На него, како што објавуваат хрвтаските медиуми, ќе бидат дефинирани пет или шест  конкретни прелози. Со нив треба да им се помогне на граѓаните кои се социјално и финансиски загрозени поради проблемите со редовната исплата на кредитите.

Иво Јосиповиќ ќе побара одговор на прашањата како да се третираат сегашните кредити, дали е можно да се укинат одредбите со кои граѓаните се ставаат во неповолна состојба во однос на банкарите, дали е можна измена во каматната политика, како да им се помогне на должинците кои ја изгубиле работата, но и како да се зачува стабилноста на банкарскиот систем во Хрватска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top