Пред споменикот на Методија Андонов Ченто во центарот на Прилеп денеска Граѓанското движење за одбрана на Македонија почна да собира потписи, за како што велат членовите, да се активира моралниот суд на јавноста и да се подигне гласноста за одбрана на интегритетот и идентитетот на државата.
– Имајќи ги предвид политичките настани поврзани со самоисклучувањето на опозицијата од работата на Парламентот, што само по себе е дезинтегративно однесување кон државата, повторно се прави обид, не само на голо уривање на власта, туку и уривање на виталните интереси на граѓаните на Македонија, изјави Зоран Петрески, член Граѓанското здружение.
Петрески потсети на обелоденувањето на поранешниот претседател Киро Глигоров дека од грчката разузнавачка служба му нудела поткуп за да се уништи македонскиот идентитет. Од Здружението сметаат дека овие настани се реинкарнираат.
– Се прави обид колективната свест на граѓаните да биде злобно контаминирана од интересите на грчките политички елити и една мала група луѓе со специјални интереси што се инсталирала во водството на опозицијата, а со цел државата да падне во милост и немилост на оние кои се оддале на користољубие и кои успеваат во атмосфера на бесконечни интриги и манипулации, рече Петрески.
Ги повика граѓаните да донесат правилен морален суд, а судската власт правилен правен суд.
– Ве повикуваме без разлика на политичката, верската или друга припадност да не дозволиме да не инфантинизираат, да донесеме правилен морален суд и да побараме судската власт да донесе правилен правен суд во одбрана на интегритетот и идентитетот на нашата држава, рече Зоран Петрески, во името на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



