| четврток, 6 декември 2018 |

Минатиот месец Алфите привеле 265 лица

alfiВо јануари месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност извршиле легитимирање на вкупно 1.220 лица, преглед на 276 автомобили, а по разни основи биле приведени вкупно 265 лица.

По основ на телеграма приведени биле 32 лица, по основ на потраги, гласник, наредба од Основен суд 11 лица, под сомнение за извршено кривично дело 39 лица, по извршено кривично дело 25, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени 17 лица, за издржување на казна затвор 14 лица, за утврдување на идентитет 12 лица и за недозволени предмети приведени се осум лица.

Вкупно приведени лица по основ на јавен ред и мир 27, за учество во тепачка седум, за физички напад 9, за омаловажување полициски службеник 4, за комар или други игри на среќа четири лица, за напад на службено лице две и за останати прекршоци едно лице. Приведени се две лица со оружје.

Алфите привеле 35 лица за поседување опојани дроги.

Приведени лица со автомобили биле 33: по телеграма 22, по едно лице за непоседување соодветна документација и поради сомнение за извршено кривично дело, две за сторен царински прекршок и седум за сообраќаен прекршок.

Десет лица со товарни моторни возила се приведени поради не поседување на соодветна документација за товар.

Минатиот месец Алфите во 18 случаи помагале при вршење претрес на дом и други простории, а имале и една асистенција на други надлежни институции.

Предадени се 22 лица поради нарушен јавен ред и мир, 35 лица за сторен сообраќаен прекршок, 86 странци со нерегулиран престој и пет малолетници. Пронајдени и предадени се 9 автомобили и 17 други предмети кои потекнуваат од кривично дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top