Сега е вистинско време да се постигне договор за иранската нуклеарна програма, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф по состанокот со американскиот државен секретар Џон Кери.
Зариф и Кери денеска разговараа околу час и половина, и тоа беше нивни втор состанок на маргините на Минхенската конференција за безбедност.
– Имаме шанса тоа да го направиме и треба да ја искористиме. Можеби нема да имаме друга шанса, изјави Зариф.
Тој додаде дека во изминатите месеци постигнат е одреден напредок и сега постои шанса за конечен договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст