| четврток, 6 декември 2018 |

Махидевран Султан експресно се разведе

mahidevran500

Германската актерка со турско потекло, Нур Фетаоглу (34), позната по улогата на Махидевран Султан во серијата „Величествениот“, повторно е слободна жена.
Едвај поминаа 14 месеци од нејзината грандиозна свадба со богатиот бизнисмен Левент Везироглу, а таа реши по втор пат да се разведе и тоа по кратка постапка.
mahidevrann500
Две недели по напуштањето на домот, во придружба на нејзината мајка, Нур покренала бракоразводна парница. Дека и на Левент му се брзало да стави точка на заедничкиот живот, сведочи податокот дека се развеле за само 10 минути.
Иако не потпишала предбрачен договор, актерката го одбила предлогот на судијата со сопругот да го поделат заедничкиот имот и да прифати алиментација. Бидејќи никогаш не зборувале во јавноста за нивниот приватен живот, причината за крахот на нивната љубов се уште не и е позната на јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top