| четврток, 6 декември 2018 |

Кими Раиконен најбрз во Големата трка на Австралија

Пилотот на Лотус, Кими Раиконен е победник на трката за Големата на Австралија, со која на патеката Алберт Парк во Мелбурн, беше отворена 64-та сезона во шампионатот на Формула 1.

Раиконен ја забележа 20-та победа во Формула 1, тој на целта стигна прв со 12 секунди предност во однос на Фернандо Алонсо од Ферари. Раиконен со оваа победа на вечната листа се израмни со сонародникот Мика Хакинен.

hitportal-kimi-raikonen

Актуелниот светски првак, Себастијан Фетел, кој стартуваше од пол позицијата, трката ја заврши на третото место.

Токму поради кваификациите кои беа возени на шест часа шред трката, ГН на Австралија, понуди многу возбудувања, немаше многу претекнувања, но трката ја обележаа одлични изданиа на неколкумина возачи меѓу кои се издвои победникот Раиконен.

Финецот во соработка со тимот заврши одлична работа, во вистинсо време замунуваше во пит стоп и успеа да ги сочува пневматиците. Раиконен, за разлика од конкурентите кои имаа три влегувања во пит стопот, своите механичари го посети два пати.

Покрај најдобрите тројца бодови во Австралија освоија Маса (Ферари), Хамилтон (Мерцедес), Вебер (Ред Бул), Сутил (Форс Индија), Ди Реста (Форс Индија), Батон (Мерцедес) и Грожан (Лотус).

Првенството на Ф1 продолжува веќе следниот викенд кога на патеката Сепанг ќе се вози трката за Големата награда на Малезија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top