Стратешкото партнерство меѓу Русија и Европската унија не успеа да го издржи тестот на цврстината, рече рускиот министер за надворешни работ Сергеј Лавров во својот говор денеска на Минхенската конференција за безбедност.
Тој притоа обвини дека ЕУ „преферирала конфронтирачки начин на развој на механизмите за соработката од заемна полза“, допирајќи ги темите за ракетната одбрана, односите меѓу Западот и Москва и можните начини за излез од кризата во Украина.
„Невозможно е да се прифатат аргументите на нашите западни партнери во врска со она што се случи со ненадејниот колапс на светскиот поредок. Напротив, неодамнешните настани покажуваат присуство на длабоки системски проблеми во организацијата на европската безбедност“, порача шефот на руската дипломатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


