Според информациите на Центарот за управивање со кризи Скопје во општините на Град Скопје нема прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода за пиење.
Има прекин на сообраќајот за тешки товарни возила и и автобуси што сообраќаат на патниот правец од с.Долно Коњари, према Горно Коњари до Сушица.
Надојдена е вода во горниот дел на р.Пчиња. Струјните бандери се во вода, а дел се навалени и постои можност да паднат, па затоа се бара ЕВН да изврши исклучување на електричната енергија во с.Горно Коњари. Реката Пчиња има покачен водостој и кај Катланово. Мали излевања има на дел од земјоделските површини, а доколку водостојот се зголеми има голема можност да дојде и до поплавување на куќите.
Во атарот на општината Илинден зголемено е нивото на подземните води во населените места: Илинден, Марино, Кадино и Мралино.
Од општина Илинден задолжено е ЈП „Водостопанство“ – Скопско Поле да се исчистат сите препреки на главниот и секундарниот канал, како и Сува река.
Во општините Кисела Вода, Аеродром, Сопиште, Студеничани моментално нема поплавени површини, нема прекини во снабдувањето со вода и струја. Наталожениот материјал во Маркова река е отстранет, а со тоа е и нормализирано водотечението на самата река. Нивото на Студеничанска Река е намалено и не постои опасност од излевање.
Во општините: Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево состојбата е редовна. Локалните патни правци од општина Чучер Сандево кон селата: Танушевци , Малино и Брест е прооден за теренски возила. Во врска со поплавените куќи во Кучевишка Бара добиена е информација дека надлежните лица од општина Чучер Сандево во 09:00 часот испратиле багер кој треба да го исчисти каналот и со тоа да се реши проблемот.
Од општина Сарај известуваат дека помеѓу селата: Буковиќ и Семениште, како и кај с.Ласкарци има излеано вода на патиштата кон селата. Нема информации за тоа дали ќе бидат превземени мерки од страна на опш.Сарај за решавање на настанатиот проблем.
која се излеала
Општина Гостивар
Во с.Форино состојбата е нормализирана. Од страна на ЕЛС Гостивар е интервенирано и водата е повлечена во коритото.
Во нас.Банештица, заради помала количина на излеана вода од коритото на поток во тек е интервенција за регулирање на истата.
Општина Кочани
Патниот правец с.Долни Подлог – с.Облешево пред мостот кај оранжериите „Зелена кука“ е пресечен и сообраќајот е во прекин.
Врнежите од дожд со кои беа зафатени општините: Берово, Делчево, Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци предизвика покачување на водостојот на реките: Брегалница, Кочанска и Оризарска река. Со зголемувањето на водостојот на реките зголемени се и подземните води. Состојбата се следи од страна на ПО РЦУК Кочани , ДЗС и градоначалниците на општините.
Најкритична состојба се очекува во с.Облешево и кај оранжериите „Зелена куќа“ кај с.Долни Подлог поради зголемениот доток од брана „Градче“ во Кочанска река и нејзините притоки ( суводолици : Белски дол, Тркањски дол и др.)
Екипи на ТППЕ Кочани дејствуваат на терен во с.Облешево а се очекува и помош од ТППЕ Пробиштип и ТППЕ Штип.
Водостојот на Злетовска река е зголемен, можни се излевања на истата кај селата: Жиганци и Уларци.
Од последната состојба на брана „Градче“ може да се забележи дека истекот на вода се стабилизира.
Општина Велес
На подрачјето на општина Велес од утрово нема врнежи од дожд. По извршениот увид на критичните точки на излевање на р.Вардар утврдено е дека нивото на реката расте, нови излевања има кај мостот Башино Село, месност Речани и Шорка. Општина Велес формира дежурни екипи кои од утрово дежураат и вршат увид во состојбата на критичните места на секој час.
Екипа на ЕЛС Велес со една градешна машина утрово кај мостот Башино село расчистуваше наноси од дрва.
Во с.Иванковци од поројни води има наноси и има водоводни цевки оштетено.
Мостовите на р.Вардар за с.Ногаевци и с.Уланци се безбедни и проодни.
Нивото на р.Вардар за кратко време драстично е зголемено.
Во месноста покрај р.Вардар викано Бентот има поплавено 2 куќи. Во градскиот парк навлегува вода. Кај кафана Хајдук кај градската автобуска има излиено вода. По мостот кај Башино Село, Вардар се има излеано и има поплавено бавчи и неколу куќи.
Општина Битола
Поради поплавите, во Општина Могила отсечени села се: Чарлија, Радобир, Добрушево, Трап, Бутаково, Дедебларци, Црничани, Путрус, Алинци, Мусинци, Мооњо и Ношпал. Алтернативен пат за Битола и Прилеп е преку Тополчани. Населението нема дотур на гориво и немаат здравствени услуги.
Општина Прилеп
Екипи на ДЗС Прилеп, ЈКП „Комуналец“ Прилеп и вработени од ВС „Прилепско Поле“ Прилеп, работат на санирање на состојбата во с.Кадино Село.
Со ровокопач се работи на патниот правец Прилеп – Крушево на м.в. Ливада на чистење на каналската мрежа покрај патот, односно отстранување на сите физички препреки покрај патот согласно донесено Решение од Државен инспекторат за патишта.
Со механизација се работи по течението на Градса река на отстранување на наносите од претходните дождови.
Општина Куманово
Крива река се повлекува во речното корито.
Во м.в. Шупли камен има поплавено околу 20 стамбени објекти. Општинскиот кризен штаб во Куманово има преземено итни мерки во соработка со општинскиот Црвен крст Куманово и ЦЈЗ за дистрибуција на неопходни средства, вода, храна и средства за дезинфекција за загрозеното население.
Реките Којнарка и Липковка Кумановка, Крива и Пчиња се стабилни по своето течение, со драстично намален водопрооден интензитет. Во моментот сите води излеани од реките вон речното корито постепено се вратени во речните корита, а водата која е сеуште останата и стои во делот на земјоделските површини е резултат на зголемените подземни води и надоеноста на земјата со истите.
Од ЈП Водостопанство- Куманово Липковско поле-Куманово, известени сме дека веќе се прелеваат браните Глажња и Липково.
Известени се локалните власти на Општина Липково и општина Куманово и дадени се препораки за известување на населението од населените места за превземање соодветни мерки. Известена е и ДЗС ПО Куманово
ТППЕ Куманово во моментот врши полнење на песок во вреќи како резерва доколку дојде до поголеми врнежи од дожд.
Од Центарот за Јавно Здравје Куманово сме информирани дека е направен Хигиено Епидемиолошки надзор на водоснабдување на населението со вода за пиење во с. Студена Бара и с.Пчиња.
Во с. Студена Бара ниеден од бунарите не е поплавен. Земени се примероци на вода за лабораториска анализа од сите три водоводи.
Во с. Пчиња земен е примерок на вода за анализа од бунарот кој служи за снабдување на училиштето, а е лоциран во близина на р.Пчиња.
Досега нема регистрирано појава на гастроинтестинални симптоми. Дадени се препораки за начин на употреба на водата за пиење заради спречување од појава на заразни заболувања и.
Општина Старо Нагоричане
Нивото на сите води во речните корита поради топењето на снегот во високите планински делови се зголемени но не претставува опасност и можност за излевање.
Општина Липково
Освен зголемените нивоа на реките Матејска, Слупчанка и Липковска, како и доловите и суво долиците, количествата на притоките на истите е во нормлни граници и состојбата се следи, бидејки постои можност наглото топење на снегот и зголемувањето на количеството на водите во реките Гошинка, Брезјанка и Думановка во голема мера да го зголемат севкупно количество на вода во Хидроакумулацијата Глажња и Липково и со тоа да се создаде можност од прелив на истите. На тој начин ќе се довде нагло покачување на водата на Липковска Река која пак поради тесноста на речното корито може да се излее и да направаат дополнитена штета.
Поради покачување на водостојот на реката Липковка во с.Липково има падната топола во реката и постои опасност од излевање на реката за што известени се сите субјекти и Општинските штабови.
Општина Кратово
На регионалниот пат Кратово-Куманово кај с.Страцин има свлечено земја и е зафатена една коловозна лента од 50-60 м, но слободни за сообраќај се останатите 2 коловозни ленти. Има поставено знаци за предупредување.
Во с.Живалево, Кратовска река претходните денови поради зголеменост на својот водостој има направено оштетување на гасоводните цевки (се оголени и реката тече и под нив) и на тој дел постои опасност и од носење и поплавување на плодна земја. Преставници од Макпетрол беа на увид на лице место и ќе превземаат соодветни мерки за санирање на проблемот.
Поради оштетување на цевки (однесеност на терен-земја) од големиот водостој на Крива река екипата на Силком не е во можност да го санира дефектот пред с.Трновац и без водоснабдување во моментот е с.Трновац.
Општина Струмица
Водоснабдувањето и електроснабдувањето во Струмица е редовно. Патните правци се проодни со исклучок на локалниот пат с.Просениково – с.Сарај кој е во прекин поради поплавување на мостот на р.Турија од контролираното испуштањето на брана Турија. Се користи алтернативен пат за приод до с.Сарај.
Општина Валандово
Кај клучка Марвинци сообраќајот сеуште е во прекин поради излевање на реката Вардар.
Општина Кичево
Поради излевање на р.Зајашка поплавени се подрумските простории на околу 70тина куќи. На терен се екипи од ДЗС и ЕЛС кои вршат заштита на речното корито од понатамошно излевање.
Во моментов во загрозеното подрачје се дели вода и разни хигиенско технички средства.
СОСТОЈБА СО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ:
Водата во населени места: Чешиново, Облешево, Чифлик, Уларци, Теранци, Кучичино и Бурилчево не е за пиење. Населението со вода за пиење се снабдува со цистерни и флаширана вода организирана од ЛС.
Водата не е за пиење во општина Штип и населените места: Драгоево, Долени, Софилари, Балталијас, Лакавица и КПД затвор Штип.
Во општина Карбинци водата не е за пиење во селата: Радање и Габер;
Во општина Виница водата не е за пиење во селата: Истибања, Пеклани и маала Драка;
Во општина Делчево водата не е за пиење во селата: Разловци, Град и Стамер;
Во општина Пробиштип водата не е за пиење во с.Гујновци;
Во сите овие населени места водоснабдувањето е со цистерни и флаширана вода од ЛС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст