Младата македонска карактистка Вероника Костовска стана европски првак во карате во дисиплината борби до 54 килограми на првенството за кадети, јуниори и постари јунори што се одржува во Цирих, Швајцарјија.
Костовска беше неприкосновена на европското првенство и со максимални 5-0 во финалето ја совлада француската претставничка. во претходните борби ги елиминираше и каратистките од Шпанија, Луксембург, Португалија и Бугарија.
Новата европска првенка е членка на скопскиот клуб Кеикс, а нејзин тренер е прославениот македонски каратист Елвир Куртановиќ. Во Цирих, кадетската репрезентација ја предводи селекторот Александар Кузмановски.
Македонија на Европското првенство во Цирих ја претставуваат вкупно 35 каратисти и каратистки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




