| четврток, 6 декември 2018 |

Владата меѓу народот – функционерите на поплавените места низ Македонија

Повеќето министри, како и премиерот на Република Македонија денеска се во посета на регионите погодени од тешките поплави ширум Македонија. Налице место се врши увид во состојбите, проценка на последиците, се координира системот на превенција, се разговара со луѓето.

Премиерот Никола Груевски денеска е во посета на поплавените подрачја во општините Новаци и Могила. Во 14:00 часот, премиерот Груевски ќе оствари средба со граѓаните од поплавените локации во општина Новаци, а во 14:30 часот, ќе одржи состанок со локалниот кризен штаб во општината Новаци, на кој ќе присуствуваат градоначалниците на општина Битола Владимир Талески, на општина Новаци Лазар Котевски и на општина Могила Стево Пивковски.

Потоа, премиерот Груевски ќе оствари средба со претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров и група земјоделци, во општината на Новаци.

Во 15:30 часот, ќе ги посети општина Могила и оштетениот мост на река Шемница (на 2 километри од Могила), а потоа и поплавените локации во село Ношпал по стариот пат за Прилеп (оддалечено 15 километри).

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска ќе посетат дел од поллавените подрачја во земјата.

Поплавеното подрачје во кумановското село Доброшане денеска ќе го посети министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ќе го посети кичевскиот регион. 

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски ќе ги посети поплавените во кочанското село Тркање

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top