По обилните врнежи дожд кои вчера ја зафатија Република Македонија, предизвикаа зголемување на водостојот на реката Лепенец, а со тоа се зголеми и нивото на реката Вардар. Водостојот на Вардар во Скопје после обилните врнежи е зголемен и нивото на водата е до горната кота од речното корито.
Поради тоа, синоќа екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираа на најниските точки на реката Вардар во општина Аеродром (до објектот на ПИОМ), со цел при поголем водостој да се спречи евентуално уништување на велосипедската патека на тој дел од Кејот на реката Вардар, соопшти Град Скопје.
Оттаму посочуваат дека на терен интервенирале екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје кои долж Кејот на реката Вардар поставиле вреќи со песок.
Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ја следи состојбата на терен и доколку има потреба дополнително ќе интервенира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


