| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците во Албанија собираат помош за поплавените подрачја во Македонија

poplavi-9Македонците во Албанија се организираат за собирање помош за поплавените подрачја во Македонја.

Нико Китани од Комитетот за малцинства упати апел до сите македонски здруженија да се приклучат кон оваа хуманитарна акција.

– Апелирам до сите Македонци и македонски организации во Албанија да се приклучат кон хуманитарната акција за помош и ублажување на последиците од поплавите во Македонија. Ги повикувам сите да се вклучат кон оваа хумана акција за да му помогнеме на населението во погодените региони и во рамки на своите можности да ја покажеме својата хуманост и солидарност, истакна Китани.

Апел упати и македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

– Да ја потврдиме хуманоста по која е познат нашиот македонски народ зашто секому може да му се случи. Да помогнеме со што помасовно учество во акцијата, порачува Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top