Преполните акумулации на каскадата на реката Дрим, условија трите хидроелектрични централи да работат со полн капацитет, што пак доведе до зголемено производство на електрична енергија и нејзин извоз. Албанската електрокорпорација КЕШ, продолжува со извоз на елекрична енергија, започнат во вторникот на полноќ.
Сега Албанија продава по 220 мегават часови електрична енергија. Продажбата односно извозот на електрична енергја е договорен за наредните две недели по цена од 36,5 евра по мегават час. Тоа значи дека КЕШ во наредните две недели има договорено продажба на струја вредна 2,5 милиони евра.
По завршувањето на овој договор, спорд раковостото на КЕШ, можно е потпишување на друг договор, но одлука за тоа ќе се донесе по согледување на количините на вода во акумулациите на каскадата на Дрим.
На каскадата фукционираат три ХЕЦ „Фиерза“, втора по големина на Балканот по онаа на Дунав, потоа ХЕЦ „Коман“ и „Вау те Дејес“ се главните снабдувачи на Албанија со електрична енергија. Дневната потрошувачка во зимскиот период во земјата е над 22 милиони киловат часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.