Јеменското доминантно шиитско движење Хути, денеска го распушти Парламентот и соопшти дека ќе формира нова преодна влада.
– Новиот состав на Парламентот ќе избере петчлен преоден претседателски совет, кој ќе дејствува како влада во текот на двогодишниот транзициски период, се посочува во соопштението на Движењето.
Јемен се наоѓа во политички вакуум кога претседателот Абед Рабо Мансур Хади и премиерот Халед Баха поднесоа оставки, откако Хитите ја опколија претседателската палата, а шефот на државата го задржаа во куќен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.