Press24 пренесува содржина на писмо кое Зоран Заев му го пратил на Зоран Верушевски. Се пренесува дека станува збор за писмо пишувано рачно, на хартија на латиница. Во продолжение писмото го пренесуваме интегрално:
Здраво професоре
Се надевам дека сте добри сите дома и дека во семеен спокој ги поминувате празниците.
Работата која ја чекаме од пријателите од надвор … е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на Премиерот … (овде е напишана првата буква од името на премиерот. Изворот не открива за кого станува збор не вели дека е премиер на странска држава) кои се токму на општeствени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и Вие.
Сега останува само да ми кажете кога можеме да се видиме најбрзо затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но и богами овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата.
Јас можам утре, во четврток, во петок и дури и вечерва иако е Св.Јован… ова е најважно од се друго. Можам кај Вас, вие кај мене во СР или на некое друго место.
Ве молам да ме информирате колку што е можно побрзо затоа што имаме и други детали да договориме… колата, термините за Централен одбор кај нас, што со Андреј Жерновски и слично.
Мислам дека има доста детали кои треба да ги допрецизираме и за тоа сигурнo ќе ни требаат многу денови
Поздрав голем до сите дома и да знаете дека многу ве мислиме и многу ни недостасувате
Го очекувам Вашиот одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.