| четврток, 6 декември 2018 |

Се удави 6-годишно детенце – надојдена вода во кумановско ја зема првата жртва

поплава

Шест годишно детенце се удави во кумановско Никуштак откако го повлекла надојдена вода.

Се работи за 6-годишниот Алмир кој се движел со својот брат, постар од него една година. Во еден момент сакале да преминат преку надојдената вода, во напливот на водата од ридот во близина ги повлекол двете деца.

Поголемото братче успеало да се спаси, додека 6-годишниот Алмир се удавил во надојдената вода. Седумгодишното дете е пренесено во болница каде му се извршени лекарски прегледи, дознава Курир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top