„Киа“ во 2015 година продолжува каде што застаната минатата година, кога успеа да продаде повеќе од 2,9 милиони примероци, а за првпат во својата историја за една година успеа да произведе преку три милиони автомобили од својата гама.
Можеме слободно да кажеме дека новиот „соренто“ е вистинска конкуренција на европските модели и со својот дизајн и квалитет е рамо до рамо со лидерите во овој сегмент на возила.
Со новиот дизајн, одличниот надворешен изглед, фантастичните мотори и големата практичност, се очекува „соренто“ да ја продолжи успешната приказна на Корејците од 2014 година.
Легендарниот теренец има целосно изменет дизајн во однос на неговиот претходник. Разликите се видливи во предниот дел, кој заедно со маската личи на нос на тигар, додадените хромирани делови во каросеријата, карактеристичната линија што паѓа кон предниот дел на автомобилот, пластичната заштита на покривот, како и во спојлерот на вратата од багажниот простор.
„Соренто“ е долг дури 4.780 милиметри, висок е 1.685, а меѓуоскиното растојание изнесува 2.780 милиметри, што е сосема доволно во новиот модел да се вградат и трет ред седишта и повторно да има голем багажен простор.
Внатрешноста изобилува со иновации, но на прв поглед се чини дека е сиромашна поради намалените контролни аголни копчиња. Тоа не значи дека „Киа“ штедела на опрема туку поради тоа што е вграден нов мултифункционален систем што се контролира преку голем дигитален екран чувствителен на допир. Ентериерот е со прекрасно избрани комбинации на бои и на материјали и со многубројни различни додатоци, кои се лесно достапни за сите патници во автомобилот. Интересно за новото „соренто“ е што во него е вградена камера, која дава прегледност на секој агол на автомобилот за полесно маневрирање.
Најпопуларниот агрегат што се вградува е 2,2-литарски дизел-мотор со турбина, кој испорачува околу 200 коњски сили и 441 њутн-метри вртежен момент, што е сосема доволно за забрзување со мануелен шестостепен менувач за девет секунди, додека автоматскиот менувач, кој може да се порача, забрзува за половина секунда побавно.
Освен овој мотор, новото „соренто“ може да се добие и со 2,4-литарски бензински агрегат со четири цилиндри, 3,3-литарски мотор со шест цилиндри, како и со уште еден дизел-мотор со зафатнина од 2,0 литри.
Кон крајот на годината е најавено и појавување на пазарот со хибриден мотор.
Основната цена изнесува околу 40.000 евра, а на пазарот во Европа се очекува да пристигне на почетокот на април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст