| четврток, 6 декември 2018 |

Поплавата во Албанија ја зеде и првата жртва

алба

Полицијата во Корча денска соопшти дека поплавите на југ во Албанија ја однеле првата жртва. Станува збор за жена од селото Врдово близу Подградец.

Во утринските часови таа се удавила во надојдената река Врдово, која поминува низ селото.

Потрагата по телото на жената сè уште не е завршена, јавуваат албански медиуми. Поплави се регистрирани во речиси цела Албанија откако голем број реки се излеаја од коритата поради повеќедневните поројни дождови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top