Снегот што од вчера паѓа во Хрватска, Словенија и во БиХ предизвика многу проблеми на жителите на одделни области на овие земји. Прогнозирани се уште снежни врнежи, јави Танјуг.
Во централна Хрватска се очекуваат обилни снежни врнежи над 30 сантиметри, а снег со дожд ќе ги зафати Славонија и северен Јадран.
Снежната покривка во Загреб од утрово се зголеми за пет сантиметри, а одделни делови на градот останаа без струја.
Црвен код на предупредување сѐ уште важи за Госпиќ, Карловац и за Риека. Во моментот најмногу снег има во Огулин, 55 сантиметри.
На многу патишта е отежнато движењето на возила, а некои се и непроодни. Зимската опрема и синџири се задолжителни за учесниците во сообраќајот.
По вчерашните снежни врнежи во БиХ, снегот што ни утрово не престана да паѓа во поголемиот дел на Унско-санскиот кантон им предизвика сериозни потешкотии на локалните жители. Висината на снежната покривка е половина метар, а се очекува дека ќе се зголеми повеќе во текот на денот.
Многу населби останаа без електрична енергија, училиштата не работат, а движењето по улиците е отежнато како на возачите, така и на пешаците. Најтешка е состојбата во Бихаќ и во Сазин, каде што снегот сѐ поинтензивно паѓа.
Исто така, затворен е и граничниот премин „Изачиќ“ за сите возила.
Метеоаларм за денеска издаде портокалов код на предупредување поради поинтензивните снежни врнежи во северозападна Босна и зголемување на снежната покривка.
Бурата и снегот предизвикуваат проблеми на патиштата во Словенија, а надлежните советуваат користење на јавниот превоз.
Поради временските услови, затворени се одделни гранични премини за товарни возила.
Во одделни области паднаа меѓу 15 и 20 сантиметри нов снег, што во комбинација со силен ветер и магла ја намалува видливоста до пет метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден


