| четврток, 6 декември 2018 |

Јордан со закана дека ќе ја уништи Исламската држава

пилот

 Јордан се закани дека ќе ги искористи сите средства во борба против групата Исламска држава испраќајќи  воени авиони за напад на позиции на ИД во знак на одмазда поради бруталното убиство на јорданскиот пилот.

– Ова е само почеток. Десетина наши борбени авиони вршат напади на нивни упоришта – се наведува во соопштението на јорданската армија.

Јорданскиот министер за надворешни работи Насер Џуда изјави за „Си-Ен-Ен“ дека неговата армија донела одлука за употреба на сите средства за борба против ИД.

Засега цел на јорданската армија се складишта со муниција на ИД, засолништа и кампови за обука на милитантаната група низ Сирија.

Јордан претходно се закани со „тресење на земјата“ кога ќе се одмазди на припадниците на ИД за убиството на заробениот јордански пилот Муата ал Касабех.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top