Албанскиот парламент доцна синоќа за нов гувернер на Централна банка на Албанја го избра Гент Сејко. За указот на претседателот Нишани гласале 105 патеници, тројца биле против, а четвроица воздржани.
По скандалот со грабежот на над седум милиони долари од банкарскиот трезор, во средината на септември лани, Централна банка на Албанија беше без гувернер.
Сејко има дваесетгодишно банкарско искуство. Дипломирал на економскиот факултет на Универзитетот во Тирана, во 1991 година, магистрирал на Унверзитетот во Глазгов, а докторирал на тема „Улогата на банките и нивна приватизација во трнзициските економии“. Работел во Централна банка на Албанија, како и во други странски банки во Албанија. Од јули 2010 година е заменик-генерален директор на „Сосиете женерал Албанија“.
Мандатот на гувернерот е седум години со право на реизбор. Неговиот претходник, Ардиан Фулани, кој е во домашен притвор, кога изби скандалот го тераше вториот мандат на гувернер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Жените ќе се грижат за парите во Македонија
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија