| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешка се откажа од забраната на питачењето

Десната коалициска Влада на Норвешка се откажа од плановите за воведување национална забрана на питачењето, откако опозициската партија ја повлече поддршката за нацрт-­законот за нејзино воведување, јави ДПА.

Малата опозициска Партија на центарот ја повлече поддршката на законот, со што Владата немаше мнозинство во Парламентот.

По неколкудневните полемики, кабинетот се откажа од проектот, кој предвидуваше питачењето да го казнува парично или со една година затвор, доколку се извршува од организирани криминални групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top