| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск: Родителите може благо да ги удрат децата

папа

Папата Франциск смета дека родителите може да ги удрат своите деца како казна за лошо однесување, но нагласи дека тоа треба да биде исклучиво по задникот.

Папата потсети на еден разговор кој го водел со еден татко, кој му призна дека понекогаш ги удира своите деца, за да ги казни.

– Понекогаш морам да ги удрам децата по малку, но никогаш по лице, за да не ги понижам – му рекол таткото.

Папата Франциск коментира дека тоа е одлично, таткото имал чувство за достоинство .

Папата им нареди на римокатоличките бискупи ширум светот да соработуваат со комисијата формирана чија цел е заштита на децата од сексуалната злоупотреба на свештениците и на тоа прашање да му дадат приоритет, дури ако тоа значи и откривање на нови скандали.

– Семејствата треба да знаат дека Црквата прави се да ги заштити своите деца – рече Папата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top