| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштво: Ако експлодираше цистерната, ќе го снемаше цело Богданци!

eksplozija-4

Тројца жители на селото Ѓавато, Васе Дуев (42), Златко Дуев (60) и Благој Делков (40) загинаа во хаваријата што се случи во погонот за полнење плински боци, а силната експлозија на жителите им изгледала како атомска бомба.

– Силен звук и тресок, три експлозии и пламен висок неколку метри. Страшно беше, дотрчав веднаш ваму. Многу силно тресна, ние живееме во близина, на 500 метри – велат очевидци.

– Се стресоа прозорците по силната експлозија. Па уште неколку помали експлозии, веројатно од боците. Сѐ се тресеше, а потоа небото се зацрни од чадот. Најголем страв ни беше дека фабриката е многу близу до куќите, не знаевме колку боци има и дали може пожарот толку да се приближи, па да ни ги зафати куќите. Страшно – вели еден жител на Богданци, чијашто куќа е меѓу првите во близина на фабриката.

– Малку недостигаше, па цело Богданци да летне во воздух, ако изгореше и големата цистерна со гас паркирана пред фабриката – велат богданчани по трагичната несреќа за Дневник.

Велат дека од силната експлозија се поместила цистерната, но не била оштетена.

– Доколку експлодирала најголемата боца, која тежи околу 20 тона, тогаш ќе се случеше бомба што ќе го уништеше целиот град – објаснува Љупчо.

Еден од починатите, Златко Дуев, е брат на сопственикот на фабриката.

Според првичните сознанија, пожарот избувнал изутрината во 8.50 часот од искра во одделот за полнење плински боци, а силната експлозија го вознемирила населението во Богданци.

Фото: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top