| четврток, 6 декември 2018 |

Без разлика на различностите во Струга ќе се живее достоинствено, порача Кочоски

Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат на ВМРО ДМПНЕ и СДСМ за градоначалник на Струга на конвенцијата вечерва порача дека во овој град, без разлика на различностите, ќе се живее достоинствено.

– Во овие избори влегуваме со визија за една поинаква Струга. По 24-ти март ќе тргнеме по еден нов пат пат на стабилност, сигурност и економски развој. Пат на демократија и културен напредок. Почитувани стружани ние заедно обединети, сплотени како едно, сме силата која ќе го смени изгледот на нашиот град. Ние сме силата која ќе ја направи Струга онаква каква што ја посакуваме и заслужуваме – рече Кочоски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

vladimir kocoski

Оваа коалиција не е моноетничка, туку е одбрана на соживотот и мултиетничноста,  кои со векови постоеле во Струга, рече Игор Ивановски, пратеник на СДСМ на конвенцијата која ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ вечерва ја одржаа во Струга.

– Оваа коалиција  е вистинското и  место и начин и здружување во Струга, кое што ќе биде бранител на мултиетничноста,  мултикултурноста,  заедништвото и соживотот кој што во Струга постоел со векови,  со години но,  кој што не благодарение на нас, туку благодарение на некои други  во изминатиов период се изгубил – рече пратеникот на СДСМ Иваноски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top