| четврток, 6 декември 2018 |

НБРМ: Порастот на економијата ќе продолжи и годинава

nbm

Економијата во последниот квартал од 2014 година имаше посилен пораст во однос на очекувањата, а ваквиот тренд се очекува да се задржи и во првото тримесечје од годинава.

Според последните објавени податоци на Народната банка на Република Македонија, носители на порастот се домашната побарувачка и извозот, но, сепак, импулсот од инвестициите е посилен од очекуваниот, за сметка на послабиот ефект од приватната потрошувачка.

Податоците за кредитниот пазар во декември покажуваат натамошно засилување на порастот на кредитите на месечна основа, при што поголемиот дел новото кредитирање во декември е насочено кон корпоративниот сектор, при што кредитите на претпријатијата учествуваа со 87 отсто во порастот на вкупните кредити.

Ваквите движења придонесоа за надминување на проектираниот пораст за четвртиот кварталм во согласно со октомвриската проекција. Со тоа, годишната стапка на раст на вкупните кредити во декември изнесува 10 отсто, што е над проекцијата за четвртиот квартал од 8,7 проценти.

Во однос на депозитниот потенцијал, во текот на декември значително е засилуена месечната динамика на раст подеднакво поддржана од растот на депозитите на домаќинствата и растот на депозитите на корпоративниот сектор.

Девизните резерви на крајот на годината изнесуваат 2.436,48 милиони евра. Забележаа намалување но и натаму се движат во сигурна зона.

НБРМ наведува дека движењата на девизниот пазар беа поволни, при што во последната недела од декември беше откупен висок износ на девизи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top