| четврток, 6 декември 2018 |

Партизан на колена во Борис Трајковски ( Фотогалерија )

Во исклучително неизвесен натпревар кошаркарите на МЗТ Скопје успеаја да ја извојуваат најголемата победа во АБА лигата против фаворитот Партизан. Во инфаркт завршницата повеќе среќа имаа аеродромци, па така на крајот резултатот беше 65-64 во корист на домаќинот.

Иако МЗТ Скопје водеше во текот на речиси целиот натпревар, победата беше неизвесна до последната секунда. Партизан го имаше последниот напад, но црно-белите ја загубија топката поради лична во напад. Со тоа паднаа во вода сите надежи на петкратниот шампион во АБА лигата. Чековски со 19 поени беше најдобриот играч кај МЗТ Скопје.

Поразот на Партизан може да значи и крај на сезоната во АБА лигата. Ако се случи такво нешто тоа ќе биде прв пат во последните седум години српскиот гигант да не учествува во фајнл фор турнирот.

Фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top