| четврток, 6 декември 2018 |

УКИМ и амбасадата на Русија за развој на образованието

Kiril-i-Metodij-spomenik-320

 Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира настан во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, во знак на придонесот на меѓусебната соработка и развојот на образованието и науката.

Од УКИМ информираат дека настанот со откривање спомен-плоча на донатори и пријатели на УКИМ е резултат на досегашната соработка со рускиот амбасадор Олег Николаевич Шчербак и со неговите блиски соработници, со значајна поддршка на Владата.

За соработката и за успешните резултати што произлегоа од неа, на настанот ќе се обратат ректорот на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски, рускиот амбасадор Олег Николаевич Шчербак и проф. д-р Алексеј Пентковски од Московската православна духовна академија.

На настанот ќе бидат донирани 86 тома литература.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top