| четврток, 6 декември 2018 |

Методи Хаџи Јанев: Грција како инструмент на моќ ги користи тајните служби (видео)

Грција е земја којашто сериозно сака да се занимава со дипломатија и која покрај останатите како инструмент на моќ ги мкористи и вооружените сили и тајните служби, смета професорот Методи Хаџи Јанев

-Факт дека сите држави денеска коишто сериозно сакаат да се занимаваат, како што пример Грција сака да се занимава со дипломатија и начин на кој они тоа го прават, покрај останатите како инструмент на моќ ги користат и вооружените сили и тајните служби, бидејќи преку тоа тие успеваат индиректно да подготват терен, да подготват одредени информации, но и да влијаат на создавање на клима којашто ќе им донесе подобра позиција во однос на преговорите и во однос на ултимативните стратешки цели коишто ги сакаат. Аферите се една од работите на коишто се базираат, истакна Хаџи Јанев во изјава за Алфа телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top