| четврток, 6 декември 2018 |

Не само техничка Влада, Заев од Груевски барал ослободување од затвор негови лични пријатели

zoran-zaevНе само техничка влада, лидерот на СДСМ, Зоран Заев барал од премиерот Никола Груевски да ослободи од затвор негови лични пријатели осудени за криминал, објави Сител повикувајќи се на извори во истрагата. Не барал ослободување на новинарот Томислав Кежаровски или екс сопартиецот Владо Бучковски. Заев барал слобода за личните пријатели Роби Телекабел осуден за насилство и првоосомничениот во акцијата Лепак, шефот на царината на граничниот премин Ново Село обвинет за криминал тежок неколку милиони кој инаку беше претседател на младината на ВМРО ДПМНЕ во Струмица.

Барањата на Заев кои наликуваат на уцените на Исламска држава биле испорачани на директните средби со премиерот Груевски.  Лидерот на СДСМ бил ултимативен – или исполнување на сите барања, или материјалите од странски разузнавачки служби ќе бидат објавени.

Извори на Сител од истрагата потврдиле дека Заев за целата операција бил во постојана координација со екс директорот на УБК Зоран Верушевски.

Наспроти неговите тврдења дека не се познава со првоосомничениот, Сител објави дека се документирани сите нивни средби. Повеќето се одвивале во просториите на приватна фирма во Струмица за која се шпекулира дека е во сопственост на кланот Заеви. Дел од состаноците биле држени во еден од најпознатите струмички хотелски објекти. Но дел се одвивале и во приватни станови во скопската населба Аеродром.

При сите овие средби двајцата се однесувале како шпиони од американски филм. Лидерот на опозицијата, според извори од истрагата пред средбите во главниот град се маскирал од глава до пети, на главата ставал капа а дел од  ликот го прекривал со шал.

Дека Заев бил свесен за она што го прави покажуваат неколку сегменти од неговото однесување. Пред секој влез во Скопје тој го гасел својот мобилен телефон зашто се сомневал дека може да му се влезе во траг.zaev-samuraj

Извори од истрагата за Сител потврдуваат дека Зоран Верушевски и Зоран Заев комуницирале и по писмен пат. Во обид да ги избегнат телефонските разговори и да ги скријат трагите на соработката си испраќале и писма преку курири.

Заев во единственото обраќање пред јавноста по избивањето на мега скандалот излезе со тврдење дека никому не му се заканувал, дека не се познава со Зоран Верушевски и дека не бил вмешан во шпионирање. Материјалите со кои во јавноста со месеци се заканува и бара техничка влада тврдеше дека му ги доставиле анонимни загрижени граѓани.

SAMSUNG DVC PICTURES timthumb

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top