
Повеќе од 20.000 изрази и нивни преводи содржи првиот Словачко-македонски речник на авторите Гоце Цветановски, Љупчо Митревски и Звонко Таневски, објавен со финансиска поддршка на Министерството за култура.
На промоцијата денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и словачкиот амбасадор во Македонија, Мартин Безак, посочија дека лексикографскиот труд ќе ги продлабочи културните врски на двата народа, ќе поттикне и инспирира соработка и комуникација.

Канческа-Милевска истакна дека изданието го потврдува континуитетот на македонско-словачките културни врски, нивното историско траење повеќе од 11 века и нивната длабока поврзаност со мисијата на браќата Кирил и Методиј.
Речникот го промовираше еден од рецензентите, проф. Димитар Пандев кој, меѓу другото, рече дека тој е надополнување на мозаикот двојазични речници со макадонска паралела.
– Авторите ги поврзува Словачка, во интензивен период од нивната научна и творечка дејност, од нивниот живот, одлично го научуваат словачкиот и ја користат живата граматика, значи користат и жив речник…. Богатството на народите се огледа во употребата на најразновидна лексика – од архаична, митско-религиозна, до најсовремена, општествено-технолошка. Во речников таа е цврсто усогласена. Речникот отвора простор и за дијахрониска перспектива. Словенските јазици пред 25 години се разликуваа во пристапот кон современата терминологија, овој Речник зборува нешто друго – поголема блискост во совремието отколку во минатоста – рече рецензентот и промотор Пандев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


