Дека ситуацијата е излезена од јавното поле и премината во политичкото ни покажува однесувањето на СДСМ, вели аналитичарот Сашо Клековски во „24 Анализа“.
– СДСМ бара кривично гонење за тој што го снимил и објавил материјалот што е незаконски, што истото се однесува и на снимките што ги има СДСМ кои не се законски направени. Ќе кажете – во тие снимки има докази за криминал. Можеби и во овие снимки има докази за криминал – рече Клековски.
Ако барате кривично гонење за незаконско снимање и објавување снимки што за СДСМ е класичен случај – објавувањето на снимката од кабинетот на премиерот, тогаш дали вашето дело потпаѓа под истите работи, дали и тоа е кривично дело, прашува аналитичарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.